Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој вечерва присуствуваше на свечената Светосавска академија во Скопје, на покана на српската заедница во земјава, по настанот се опушти со музика и со песни во скопски ресторан.
Претседателот објави видео на социјалната мрежа Икс на кое се гледа како добро се забавува во кафеаната, пеејќи ја српската народна песна „Свилен конац“.
На снимката се гледа дека во друштво на Додик се поранешниот кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарскиот сојуз на Македонија, Перо Антиќ, претседателот на Парламентот на Република Српска, Ненад Стевандиќ, како и други официјални претставници на босанскиот ентитет.
Додик претходно во обраќањето на Академијата рече дека „Србите денес имаат 2 држави на Балканот – Република Српска и Србија“ и дека „српскиот народ не ги извалкал рацете“ во граѓанската војна во Босна и Херцеговина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
