Вкупно 17 луѓе го советуваат премиерот Христијан Мицкоски, информира тој на денешната прес конференција.
– Сите тие земаат плата од 60.000 денари, само тројца или четворица кои се ангажирани со цело работно време ќе земаат плата од 90.000 денари – рече Мицкоски.
Тој најави дека многу брзо ќе бидат објавени нивните имиња и примања на интернет страната на Vладата.