Чудно е како тој ги има исказите на останатите обвинети, вели обвинителката

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обвинителството има преземено доволно дејствија, доказите се приложени во списите и сите наводи на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се неосновани, изјави јавната обвинителка Жаклина Крстевска Јосифовска, по денешното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевка и на Панче Жежовски, на кое првообвинетиот Палевски побара нејзино изземање од предметот, како и изземање на целото скопско основно обвинителство.

Според Крстевска, очигледно е дека обвинетиот Љупчо Палевски поднесеното барање за изземање го искористи да ги изнесе сите свои наводи кои што начелно одат во поткрепа на негова одбрана. Обвинителството има преземено доволно дејствија, сите наводи му се неосновани.

– Очигледно е дека со презентирањето на видео записите се доближуваме до делот кога јавноста ќе биде запознаена кои дејствија конкретно ги преземал обвинетиот Љупчо Палевски, кој цело време негира дека учествувал во предметните настани – изјави Крстевска.

Прашана во врска со тврдењето на Палевски дека обвинетиот Боре Видевси има оружје, а Обвинителството не го бара, обвинителката Крстевска Јосифовска одговори:

– Обвинителството ги има обезбедено сите докази и истите се приложени во листата на докази. Сите дејствија се преземени од страна на Обвинителството.

Во врска со изјавата од бранителот на Палевски, Марјан Витановски, дека можеби останатите обвинети молчат и не даваат никакви приговори на рочиштата затоа што однапред е договорен исходот на процесот, односно Палевски да биде виновен, Крстевска рече дека ниту еден бранител не разговарал со Обвинителството надвор од преземањето на службените дејствија.

 

– Многу чудно е како тоа обвинетиот Љупчо Палевски ги има записниците за испитување од осомничените Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски во Обвинителството, бидејќи тоа се списи кои што се само за Обвинителството, а не се доставени ниту на увид, ниту одбраната има примерок, па многу е чудно како дошол до истите и ги презентира во јавноста – изјави Крстевска.

Прашана дали ќе се испитува кој од Обвинителство му ги дал овие списи, Крстевска рече дека не може да се произнесат, додека не преземат конкретни дејствија за конкретно лице.

- Advertisement -
Ad image

– Додека не преземеме конкретни дејствија за конкретно лице не можеме да се произнесеме. Доколку имаме докази, секако ќе се произнесеме – рече Крстевска.

Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, посочувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски се произнесе по наводите во барањето за изземање.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article