Дали другите обвинети молчат затоа што исходот е веќе договорен, прашува адвокатот?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо по денешното рочиште рече дека Јавнот обвинителството Скопје треба да биде изземено од кривиното гонење за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски и случајот да го преземе друго обвинителство. Витановски рече дека обвинетиот Боре Видевски поседува пиштол со калибар д 9 мииметри, па можеби токму со ова ќе се расчистел случајот, ако се поврзело тоа оружје со чаурата најдена на местото каде беше убиен Жежовски.

– Обвинетиот Љупчо Палевски смета дека ова е најпогодниот момент кога треба да бараме изземање на Обвинителството, бидејќи јавниот обвинител ниту административно не проверил дали обвинетиот Боре Видевски има пиштол. При претресот на домот, констатирал само дека нема пронајдени предмети кои би се довеле во корелација со кривичното дело. Имајќи во предвид дека обвинетиот поседува таков пиштол, сметаме дека истрагата во еден дел е незаконска. Вештачената чаура не беше доставена да се изведе како доказ – рече адвокатот Витановски.

Тој објасни дека ако му бил одземен пиштолот од Боре Видевски, ќе можело да се провери дали чаурата одговара на тој пиштол или евентуално на било кој пиштол кое некое лице го поседува со дозвола.

– Имајќи во предвид дека сведоците предложени од Обвинителството 10  пати беа прашани дали Љупчо Палевски има пиштол, а никој од обвинетите не бил прашан, сметаме дека некои постапки на работи на Обвинителството укажуваат на тоа дека се прави обид Палевски да биде врзан со кривичното дело на кој било кој начин. А според доказите приложени кон обвинението, засега Палевски не може да се поврзе со ова дело. Ако се пронајде пиштолот од овие обвинети овде, нека се провери таа околност, па ние како одбрана ќе си продолжиме со други факти. Невозможно е, четири обвинети да имаме, еднаш го признаа кривичното дело, па го повлекоа тоа, за сега да немаат ни едно прашање да постават и да приговорат, што укажува дека тие можеби се заложници во овој кривично-правен настан и веќе преговарале за исходот на постапката, а сè од причина единствено првообвинетиот биде лицето кое го извршиле ова кривично дело – рече адвокатот Витановски.

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на денешното судско рочиште побара изземање на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифосвска , но и на целото скопско обвинителство.

Тој во судницата прочита писмо упатено до јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Денеска не сведочеше сведокот на Обвинителството, Гоце Трајковски.

Судењето продолжува во понеделник, на 3 февруари.

Share This Article