Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на денешното судско рочиште побара изземање на обвинителката, но и на целото скопско обвинителство.
Тој во судницата прочита писмо упатено до јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
– Се обраќам до обвинителот Љупчо Коцевски со барање за изземање на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифосвска и на целото Јавно обвинителство Скопје во судскиот процес со кој претседава судија Стефановски. Не сум оптимист за вашата правична одлука, но нека остане пишан документ каква криминална истрага спровеле вашите вработени. Предложени се докази за лажна изјава на сведок, од вештачење на телефон, нецелосна и фалсификувана телефонска комуникација. Сите овие докази се изработени по јавнообвинителска наредба на Јосифовска, коа, иако ги знаела фактите, без да го вештачи телефонот на нејзиниот сведок, а со намера да ги негира моите искази кои сум ги дал како осомничен, донесе сведок кој со докази сведочеше јавно. Но, криењето оружје, со или без дозвола, е најсериозно кривично дело кое еден јавен обвинител може да го направи. На петмина членови на Десна јавната обивинителка им постави прашања дали виделе пиштол во мојата канцеларија, а во 9 искази на ниту еден од обвинетите не им постави ниту еднаш прашање дали поседуваат оружје – рече Палевски.
Тој додаде дека обвинетиот Боре Видевски поседува пиштол со калибар 9 мм, со дозвола издадена во 1990 година, а поседува и ловна пушка со калибар 12 мм.
– Криминалистичката пракса покажува дека вакви злосторства се извршуваат со оружје купено на црниот пазар, но таа околност требало да ја расчисти обвинителката. При претресот на неговиот дом, на Видевски, пиштолот не е евидентиран, не постои. Тоа е доказ за намара и свесност за креирање на обвинителни акти без ниту еден доказ. Приложувам принтскрин од монитор на МВР, со податоци, каде постојат добри правдољубиви луѓе, кои овој факт, доказ, го доставија на одбраната. На мониторот се гледаат податоците. Јавната обвинителка Јосифовска заборавила во доказите да ја стави и чаурата најдена во местото Рудник, уредно евидентирана од јавната обвинителка Славица Темелков. Јас како обвинет ја приложив чаурата како доказ на одбраната. Криминална истрага, сторено е кривилно дело од Јосифовска, која знае дека секоја издадена дозвола за оружје поседува отисок за испалување, па со вештачење, брзо може да се утврди дали со тоа оружје, кое намерно не го барала, е сторено ии не е сторено ова кривилно дело – рече Палевски.
Тој ѝ постави неколку прашања на обвинителката Јосифовска:
– Прашања на кои Јосифовска мора да одгвори се следните: Каде е пиштолот, зброевка 75в, сопственост на еден од обвинетите? Зопто Јосфифовска не го расчистила овој факт? Зошто чаурата не е во листата на докази? Грдата слика за целиот правоуден систем е последица на вакви извршувања на политички наредби од страна на јавни обвинители, затоа што никој нормален не може да најде разбирање за непостапување. Нека стане трага дека е докажано кривично дело на јавен обвинител во истрага – рече Палевски.
Обврската на ЈО е да се произнесе за 3 дена, главната расправа се одлага за следниотпонеделник, 3 февруари во 10 часот.
На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.