САД нема да воведат санкции и царини за Колумбија откако земјата се согласи да ги прифати депортираните мигранти од САД, објави канцеларијата за односи со јавноста на Белата куќа.
Во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе воведе одмазднички мерки на Колумбија кои ќе вклучуваат царини, санкции и забрана за патување откако јужноамериканската земја одби два американски воени авиони со депортирани мигранти.
Трамп рече дека овој потег на колумбискиот претседател Густаво Петро ја загрозува американската национална безбедност.
„Колумбиската влада се согласи со сите услови на претседателот Трамп, вклучително и неограничено прифаќање на сите илегални мигранти без одлагање“, објави Белата куќа.