Background

Французите се изнамачија со избраниците на Лазаров

Македонската ракометна репрезентација го заврши својот настап на Светското првенство 2025 година со пораз од фаворизираната Франција (25-32) во натпревар од вториот круг.

Нашата селекција заврши на четврто место во групата и обезбеди конечен пласман на 15. позиција.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров забележаа две победи, два нерешени резултати и два порази, што им донесе четири бодови во главната фаза. Ова ги постави пред Австрија, која исто така има четири бодови, но полоша гол-разлика, и пред Катар, кој остана без бодови.

- Advertisement -
Ad image

Според моменталниот резултат, Македонија ќе биде подобро пласирана само од Италија, која има ист број бодови, но полоша гол-разлика. Останатите четвртопласирани селекции имаат подобар учинок, што го потврдува 15. местото за нашите момци.

Во натпреварот против Франција, македонската селекција пружи отпор само во првите десетина минути, кога во неколку наврати имаше минимално водство.

Промашените два пенали дозволија на Франција да направи серија од 5-1, што резултираше со предност од три гола (8-5). До крајот на полувремето, Французите ја зголемија предноста на пет гола, а во вториот дел таа се искачи на седум (23-16).

И покрај поразот, Македонија ја оствари својата цел – задржување на едноцифрената негатива, што беше доволно за четвртото место во групата. Ако поразот беше со разлика од 10 или повеќе голови, Австрија ќе го преземеше нашето место на табелата.

Филип Кузмановски беше најефикасен кај македонската репрезентација со осум погодоци. Марко Митев постигна четири гола, сите во првите 15 минути, додека Жарко Пешевски го заврши натпреварот со три погодоци.

Следниот предизвик за македонската репрезентација ќе биде Европското првенство, кое во 2026 година ќе се одржи во Данска и Норвешка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation