Background

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот ќе го одигра последниот натпревар од главната рунда на Светското првенство во Вараждин

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот ќе го одигра последниот натпревар од главната рунда на Светското првенство во Вараждин.

Нашите ракометари ќе се соочат со една од најдобрите селекции во светот – Франција, во рамки на третото коло од оваа фаза.

Иако математички сè уште постои можност за пласман во Топ 8, очекувањата се дека шансите ќе исчезнат по претходниот денешен натпревар во кој Унгарија, како фаворит, ќе се соочи со Катар.

- Advertisement -
Ad image

За македонската селекција, приоритетот останува што подобра игра и претставување, без преголем резултатски притисок.

„Натпревар без што да се загуби“

Селекторот Кирил Лазаров е свесен за квалитетот на противникот, но најавува дека македонската репрезентација ќе се обиде да го даде својот максимум.

– Ова ни е најлесниот, не најтешкиот меч на овој мундијал. Знаеме против кого играме, Франција е во самиот врв на светскиот ракомет заедно со Данска. Немаме што да загубиме, а она што ни е потребно за овој дуел е сила и концентрација. Ќе се обидеме да парираме онолку колку што ќе ни биде дозволено – изјави Лазаров.

Последната средба со Франција ја одигравме пред една година на Европското првенство во Германија, кога загубивме со 10 голови разлика.

Тој натпревар остана запаметен и по уникатната атмосфера, бидејќи беше одигран на фудбалски стадион пред над 50.000 гледачи.

Напредокот е очигледен

И покрај силниот ривал, селекцијата на Лазаров се наоѓа во позитивна атмосфера. Промените во играта се видливи, а вечерниот дуел е одлична можност за проверка на формата пред важниот двомеч со Словенија во квалификациите за ЕП 2026.

Голманот Марко Кизиќ нагласува дека тимот ќе игра борбено и ќе даде сè од себе, без разлика на исходот.

– За Франција не треба да се трошат зборови. Играме со една од најдобрите репрезентации. Ќе се бориме за победа, но најважно е да уживаме на теренот и да го покажеме најдоброто од нас. Благодарност до сите фанови за поддршката – тоа ни дава дополнителна мотивација – изјави Кизиќ.

Натпреварот ќе се одигра во арената во Вараждин, а македонските ракометари се подготвени да ја продолжат борбата со гордост и посветеност, без оглед на резултатот.

Секој чекор напред е нова лекција и искуство за идните предизвици.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation