Четирикатница се урна во петокот вечерта во турскиот град Коња, од се уште непознати причини.Две лица успеале да се спасат од урнатините, а по најмалку пет од нив се уште се трага. Службите за итни случаи брзо пристигнале на местото на настанот за да бараат преживеани.
На социјалните мрежи се шират вознемирувачки снимки од уривањето на зградата, а една од нив ја објави турската новинска агенција DHA.
Зградата е изградена во 1992 година и имала вкупно 14 станови.
Обвинителството покрена истрага за утврдување на причините за уривањето на зградата, а турските медиуми предупредуваат дека овој инцидент се случил само три дена по разорниот пожар во хотел во Турција во кој загинаа 79 лица.