Вратите на покраинската влада на Војводина во Нови Сад се заклучени со катанци, што ги спречува вработените да ја напуштат зградата откако утрово во 7:30 часот пристигнале на работа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вратите на покраинската влада на Војводина во Нови Сад се заклучени со катанци, што ги спречува вработените да ја напуштат зградата откако утрово во 7:30 часот пристигнале на работа, потврдија за порталот „Автономија“ неколку вработени, пренесува Бета.

Студенти, граѓански организации, активисти и опозициски партии повикаа на генерален штрајк денеска.

Таа зграда во центарот на Нови Сад има неколку влезови и излези, но сите се заклучени, изјавиле вработените.

– Заклучени се и вратите во ходниците. Не може да се помине низ приземјето и првиот кат, па оние што се на првиот кат одат во тоалет на третиот кат. На вработените што биле на годишен одмор им беше издадена наредба да се појават на работа – раскажуваат вработените.

Тие додаваат дека во зградата веќе неколку дена има голем број непознати мажи и дека слична ситуација владее и во Градската куќа, која е седиште на градската власт.

Вработените во Радио-телевизија Војводина (РТВ) изјавиле дека зградата на покраинскиот јавен медиумски сервис е „преполна со жандармерија и полиција“.

Околу зградата на РТВ се паркирани голем број полициски возила.

Share This Article