Биткоинот би можел да достигне неверојатни 700.000 долари доколку институционалните инвеститори одвојат помеѓу 2 и 5% од своите портфолија на криптовалутата, смета Лари Финк, шеф на BlackRock, најголемата светска компанија за управување со средства.
Дигиталната монета забележа пораст на својата вредност во последните месеци. Во текот на 2024 година, неговата цена скокна за 121% на 108.135 долари во декември. Во понеделникот, по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, биткоинот достигна рекордно високо ниво од 109.225 долари.
Трамп претходно ги објави плановите да ги направи САД светски „крипто главен град“ и да формира национална резерва за биткоин.
Финк во Давос изјави дека „верува“ во најголемата криптовалута во светот како инструмент, истакнувајќи го нејзиниот потенцијал како финансиска хеџ.
-Ако се плашите дека вашата валута ќе биде девалвирана или се плашите од економската или политичката стабилност на вашата земја, можете да имате инструмент на меѓународна основа наречен биткоин кој ќе ги надмине тие локални стравови – рече Финк.
Инвеститорот рече дека верува дека криптовалутата се движи кон институционално усвојување.
-Неделава бев со државниот фонд и имаше дискусии дали да издвоиме 2%? Дали треба да имаме распределба од 5%? Ако сите ја прифатат таа идеја, тоа би било 500.000 долари, 600.000 долари, 700.000 долари за биткоин – тврди Финк.
Минатата година, BlackRock лансираше фондови за биткоин и итриум со кои се тргува преку размена кои инвестираат директно во двата крипто токена.