Ѓоковиќ поради повреда се откажа, публиката незадоволна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Tennis - Exhibition - Juan Martin del Potro v Novak Djokovic - Estadio Mary Teran de Weiss, Buenos Aires, Argentina - December 1, 2024 Serbia's Novak Djokovic in action during an exhibition match REUTERS/Agustin Marcarian
- Advertisement -
Ad image

Новак Ѓоковиќ беше испратен од „Род Леjвер Арена“ со свирежи, откако го предаде полуфиналето на Австралија Опен. Седмиот тенисер во светот го загуби првиот сет по тај-брејк во дуелот со Александар Зверев по нешто повеќе од 80 минути, по што реши да му го предаде мечот на Германецот.

Тоа не им се допадна на мал дел од фановите на трибините, очигледно незадоволни што платиле билет и наместо најавениот маратон, добиле само нешто повеќе од еден час програма.

Зверев застана во одбрана на Ѓоковиќ заради свирежите:

„Не почитувам никого повеќе од Новак. Не смеете да исвиркате некого како Ѓоковиќ“, порача Германецот.

Српскиот тенисер ги слушна свирежите од трибините и ги поздрави оние кои ги упатија кога си замина.

 

 

Првиот грандслем турнир во сезоната, Австралија Опен, беше и првиот турнир на кој поранешниот британски тенисер Енди Мареј се појави во улога на тренер на Новак Ѓоковиќ. А, веќе и тоа како сериозно, може да биде и последен.

Ѓоковиќ веднаш по полуфиналниот меч кој го предаде истакна дека во овој момент ништо не е сигурно.

- Advertisement -
Ad image

– Не знам. И двајцата сме разочарани од она што се случи. Сè уште не сме разговарале за нашата иднина. Сè уште сме под впечатоци на овој денешен ден. Дефинитивно ќе разговараме. Благодарен сум му што е тука со мене, ќе му кажам што мислам, што е, се разбира, позитивно. Ќе видиме како ќе се чувствува и ќе ја донесеме следната одлука. И двајцата сме разочарани и лути во моментов, па тешко е веднаш да почнеме да зборуваме за следните чекори. Мислам дека и двајцата треба малку да се оладиме, а потоа ќе видиме – рече Ѓоковиќ.

Мареј и официјално е тренер на Новак Ѓоковиќ од крајот на ноември минатата година, но тие дури неодамна почнаа да работат заедно.

Share This Article