Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во петокот наутро изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни летала кои се упатиле кон руската престолнина.
Собјанин на Телеграм напиша дека единиците за противвоздушна одбрана југоисточно од главниот град во окрузите Коломна и Раменскоје одбиле група „непријателски“ беспилотни летала, без да прецизира за колкумина станува збор.
„На местото каде паднале фрагментите нема штета или жртви. Специјални екипи за итни случаи се на лице место“, напиша Собјанин во апликацијата за пораки.
Градоначалникот накратко даде уште две соопштенија. Тој рече дека два дрона, кои исто така се упатиле кон Москва, биле соборени во областа Подолск, јужно од главниот град. Потоа известил за соборувањето на беспилотното летало во областа Троицк, југозападно од главниот град.
Специјализирани тимови за итни случаи се испратени на сите локации, рече Собјанин.
Руските новински агенции јавија Росавијација, федералната агенција за воздухопловство, која објави дека двата московски аеродроми, Внуково и Домодедово, ги прекинале сите летови. Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека уништило 49 украински беспилотни летала во период од три часа доцна во четвртокот, повеќето од нив над регионот Курск во близина на украинската граница.
Министерството во извештајот на Telegram соопшти дека 37 беспилотни летала биле уништени само во регионот Курск, каде што украинските сили држат дел од територијата по големиот упад во август минатата година. Во соопштението на Министерството се наведува дека беспилотните летала биле уништени и над пограничните региони Брјанск и Белгород и полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.
Се шират снимки од пожарот во руската рафинерија
На социјалните мрежи се шират снимки од густ црн чад и огромен пожар од рускиот град Рјазан на западот на земјата, на околу двесте километри од Москва. Се чини дека дел од нападите со украински беспилотни летала навистина погодиле цел, имено нафтената рафинерија на Роснефт