Драматичен момент се случи во Австралија, кога една мајка, соочена со опасни временски услови, направи храбар чекор за да го заштити своето бебе среде силна бура со град. Таа го искористи своето тело за да го заштити бебето.
„Почна да паѓа град, а задниот прозорец каде што беше ќерка ми беше едноставно отворен… Исчезна. Беше многу страшно, но немаше време за страв… Сè се случи толку брзо“, напиша мајката на социјалните мрежи.
Мајката рекла дека нема да се двоуми повторно да ја донесе истата одлука.
„Тоа е мајка“, коментираат луѓето на социјалните мрежи со поддршка за жената.