Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ педесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 30.01.2025 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 51-та седница
-
- Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници, давателите на услуги и помошно техничките лица во ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното земјиште за календарската 2025 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид.
- Предлог-одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште за календарската 2025 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини.
- Предлог-одлука за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид.
- Предлог-одлука за одржување на јавната чистота и паркови и зеленило на територијата на град Охрид.
- Предлог-одлука за управување со отпад на територија на општина Охрид.
- Предлог-одлука за долгорочно задолжување на Општина Охрид во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП).
- Предлог-одлука за давање согласност на измени на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 и ГП 3 формирани во План за реализација на 4 – та станбена единица – Општина Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.134 КО Охрид 4, објект 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.611 КО Долно Лакочереј, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.6183 и КП.бр.6182/1 КО Охрид 4, објект 1 и објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на КП.бр.6258/2 КО Охрид 4, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2635 КО Долно Лакочереј.
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.55 КО Лескоец објект 1 со бр.08-15415/69 од 25.12.2024 година.
ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-797/1
23.01.2025 год.
О х р и д