Новиот американски претседател Доналд Трамп вели дека неговиот претходник имал лоши советници кои му сугерирале да ги помилува сите освен себеси. Во неговото прво интервју од Овалната соба откако е инаугуриран за претседател Трамп изјави:
– Бајден одеше наоколу дeлејќи им помилувања на сите. И знаете интересно e, а можеби и тажно e што не се помилува себеси. И кога ќе го погледнете, сето тоа беше поврзано со него.
Трамп за „Фокс њуз“ откри дека тој самиот добил можност да издаде превентивно помилување за себе во 2021 година кога ја напуштал Белата куќа, но дека одбил да го стори тоа бидејќи бил убеден дека не направил ништо лошо и покрај јавните напори да ја поништи неговата изборна загуба на Бајден.
Последните часови пред да замине од функцијата Бајден превентивно ги помилува своите браќа и сестра.
Исто така, за време на мандатот на Бајден против Трамп беа водени неколку кривични постапки.