За неколку месеци ќе почне издавањето гаранции за потекло на струјата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Спроведувањето на планот за издавање гаранции за потекло на електрична енергија и зајакнувањето на Македонската берза на електрична енергија биле главни теми на разговор на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и раководството на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, соопшти Министерството за енергетика.

Како што е соопштено, во првиот квартал од годинава Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ќе го воведе еврото  како валута за тргување на Берзата за струја со што пазарот на електрична енергија во земјава станува поотворен за меѓународно тргување со електрична енергија.

-Во овој момент 37 компании тргуваат на домашната берза за електрична енергија што е потврда за воспоставената сигурност и релевантни цени за секој час од денот. МЕМО веќе го воведува еврото како валута за тргување во првиот квартал на оваа година со што станува поотворен за меѓународно тргување со електрична енергија, а воедно ова е и еден од предусловите за пазарно спојување (market coupling) со берзите на соседните земји и членки на ЕУ. Интензивно работиме и на развој на интрадневен пазар – изјави на средбата управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, за неколку месеци ќе биде целосно имплементиран и софтверот за успешно спроведување на планот за издавање гаранции за потекло на електрична енергија. Напоредно со овој процес се работи и на воспоставување регистар на гаранциите за потекло на електрична енергија.

– Овие механизми ќе обезбедат поголема транспарентност и конкурентност, што е од суштинско значење за привлекување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на економската стабилност на енергетскиот сектор – вели Божиновска.

Оваа посета е дел од континуираните активности на министерката Божиновска за директна комуникација со клучните енергетски субјекти, со цел подобро разбирање на нивните предизвици и потреби, како и заедничко планирање на идните чекори за обезбедување на сигурна и одржлива енергетска иднина за Македонија.

Share This Article