Кривичен суд ги амнестираше обвинетите за „27 април“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Можете да си одите, слободни сте“. Ова денеска им го кажа судијата Илија Трпков на Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски, обвинети во случајот „Организатори на 27 април“.

Тој објасни дека се уважува барањето за примена на амнестија поднесена од обвинетите Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски, и додаде дека за обвинетите треба да се примени Законот за амнестија од 2018 година, со кој во друга постапка беа ослободени поранешните пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, како и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен, Владо Јовановски и Игор Дурловски.

– Јавното обвинителство како подносител на обвинението, по укинувањето на решението од овој суд, имаше неколку неодредени произнесување до амнестијата, сѐ додека на минатото рочиште не даде јасен предлог дека Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски не треба да се амнестираат, бидејќи за нив важел законот. Сѐ уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот беше во никој случај организаторите да не се амнестираат. Но во Законот за амнестија во одредбите, има сврзник според кој Јавното обвинителство и Апелација сметаат дека овие обвинети не се лица кои постапувале спротивно на службените овластувања при вршење на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок – рече судијата Илија Трпков.

Апелацискиот суд во април минатата година ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.

Share This Article