Едно лице загина, а 25 се повредени синоќа во руски напад со беспилотни летала и ракети врз југоисточниот град Запорожје, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на регионалните власти.
Како резултат на ноќниот напад, над 20.000 жители останаа без струја, а уште 17.000 без греење, изјави гувернерот на регионот Запорожје, Иван Федоров, кој рече дека во нападот бил уништен енергетски објект.
– Меѓу 16-те повредени има и двомесечно бебе. Станбените згради беа оштетени од удар. Експлозивниот бран ги проби прозорците и оштети покрив – рече гувернерот.
Нападот беше последен во засилената серија напади врз јужна Украина, додека Москва и Киев се борат за предност во првите денови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Русија редовно извршува воздушни напади врз украинските градови зад линијата на фронтот, најчесто насочени кон објекти во ослабената енергетска мрежа на земјата.