Еве како изгледаше Британецот зад воланот на Ферари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дојде долгоочекуваниот момент кога легендарниот британски возач Луис Хамилтон го направи својот прв круг во болидот на Ферари, по шокантната одлука да го напушти Мерцедес и да премине во редовите на својот голем ривал.

Тест-возењето се одржа на патеката во италијанскиот град Фиорано, каде Хамилтон дебитираше во црвениот болид под дождливи услови. Неговиот појавување во „црвениот“ тим е историски момент што го означува почетокот на ново поглавје во кариерата на седумкратниот светски шампион.

 

 

Во претстојната сезона, Хамилтон ќе биде тимски колега со Шарл Леклер, создавајќи дует што ветува возбудливи борби на патеките ширум светот.

 

 

Со доаѓањето на Хамилтон, Ферари очекува враќање на тронот во Формула 1. Навивачите со нетрпение ја очекуваат сезоната, верувајќи дека овој трансфер ќе донесе нова енергија и многу победи.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Сите очи сега се вперени кон тимот од Маранело, кој со оваа аквизиција јасно порача дека е подготвен за големи успеси.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Хамилтон ги сподели своите емоции откако седна во болидот СФ-23 за време на тестирањето на патеката Фиорано во Италија.

– Првото искуство на возење автомобил Ферари беше едно од најдобрите чувства што некогаш сум ги доживеал во мојот живот. Кога го запалив моторот и тргнав на патеката, не можев да престанам да се насмевнувам од радост. Ова чувство ме потсети на првиот пат кога тестирав Формула 1 болид – тоа беше неверојатен и емотивен момент. Сега сум тука, речиси 20 години подоцна, и ги доживувам истите емоции – ја цитира „Planetf1“ изјавата на Британецот.

Share This Article