По разочарувачките резултати во Премиер лигата и Лигата на шампионите, Манчестер Сити се впушти во процес на обнова на тимот.
На „Етихад“ веќе пристигнаа Абдулкодир Кусанов (Ленс) и Витор Реис (Палмеирас), а денеска и Граѓаните го потврдија доаѓањето на Омар Мармуш.
Египќанецот често го нарекуваат „новиот Салах“ бидејќи неговата брзина наликува на ѕвездата на Ливерпул, а Сити за неговите услуги на Ајнтрахт му плати 75 милиони евра.
Тој доби светлосин дрес со бројот „7“ и потпиша договор до 2030 година.
Мармуш во Ајнтрахт пристигна од Волфсбург во 2023 година како слободен играч, а оваа сезона експлодираше во дресот на тимот од Франкфурт.
На 26 натпревари за овој тим оваа сезона, тој постигна 20 гола и запиша 14 асистенции.