Вучиќ изјави дека и украинскиот претседател Володимир Зеленски знае дека Србија нема да воведе санкции кон Русија и дека тоа не го побарал од него на средбата во Давос

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека и украинскиот претседател Володимир Зеленски знае дека Србија нема да воведе санкции кон Русија и дека тоа не го побарал од него на средбата во Давос. Вучиќ на овој начин одговори на прашањето дали Зеленски побарал од Србија да воведе санкции кон Русија, објави Блиц.

– Не, не затоа што не би сакал, туку едноставно не го побарал затоа што ја знае позицијата на Србија. Србија ја држи својата позиција веќе 3 години, за точно еден месец ќе се навршат три години. А таа позиција сите ја знаат, па не се споменуваше. Разговаравме за многу работи, иако тоа беше краток разговор. Разговаравме за мирот во Украина, но разговаравме и за некои работи на европскиот пат што ги имаме и ние и тие. Така најдовме некои заеднички именители – изјави Вучиќ.

На прашањето кој е поблиску до ЕУ, Србија или Украина, Вучиќ одговори дека не знае како да го дефинира тоа, но дека политички  секако дека е Украина, а веројатно и најблиску, додека, пак, Србија е многу подолго на европскиот пат.

Вучиќ, кој присуствува на Светскиот економски форум, рече и дека сите очекуваат нови потези од претседателот Доналд Трамп и, како што вели, се чини дека ќе има тектонски промени во светот.

Тој истакна и дека Трамп нема симпатии кон Брисел.

– Трамп ќе ја подели поддршката меѓу поединечните земји-членки на ЕУ, но не и кон Брисел како центар на ЕУ – кажа шефот на српската држава.

Вучиќ изјави и дека вниманието на светот е свртено кон Кина и кон Индија, што укажува дека се мисли на целиот регион на Индокина и додаде дека очекува уште многу промени во светот.

– Сите се вртат кон Индија и кон Кина, тие би сакале да можат без Кина, но не можат. Кога велам Индија, мислам на целиот регион Индокина. Ги слушав и претседателот на Сингапур и владата на Малезија, добија внимание и огромна доверба, стануваат сè поважни. И Европа се врти кон ова, но и кон Латинска Америка – заклучил српскиот претседател.

Share This Article