Милановиќ одбива воени мисии во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новоизбраниот претседател на Хрваткаа во втор мандат, Зоран Милановиќ, денеска во Забок рече дека Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа, додека светот чека да види како новиот американски претседател Доналд Трамп ќе придонесе за ставање крај на руската инвазија.

– Да се одбие учеството во воени мисии – о, да. Мисијата да ѝ се помогне на Украина како што беше замислена, никогаш нема да се реализира, бидејќи, кој експерт ќе ми објасни дека логистиката и планирањето на испораката на воени материјали не се воени активности. Па, тоа се воени цели – рече Милановиќ.

Тој додава дека е сосема друга приказна кога се во прашање сојузниците на Хрватска во НАТО.

– Учествуваме во помагањето на нашите сојузници, како Полска и Литванија. Тие сакаат војниците на НАТО да бидат таму,кај нив, па еве, таму се и нашите луѓе. Но, да придонесеме за завршување на војната, што е последица на криминалната неодговорност и неспособност на група политичари, не можеме и не сакаме да учествуваме во тоа. Јас немам такви амбиции – додаде Милановиќ.

Share This Article