Како ќе се постави идниот канцелар кон Вашингтон?

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД дополнително ја тресе Германија која треба да избере своја влада на 23 февруари. Најавите на Трамп дека ќе воведе царини за ЕУ одекнаа во Брисел и во Берлин додека германските политичари се поделени во својот однос кон новата американска администрација.

На ианугурацијата на Трамп не присуствуваа ниту доскорешниот канцелар Олаф Шолц, ниту пак фаворитот за нов канцелар Фридрих Мерц од десниот центар ЦДУ/ЦСУ, а единствен кој му се израдува на Трамп беше крајндесничарската АфД, пишуваат германските медиуми.

Челниците на АфД отпатуваа во Вашингтон, но ја следеа церемонијата на екран. Во декември лидерката на АфД, Алис Вајдел, доби симпатии и беше интервјуирана од сојузникот на Трамп, Илон Маск, кој ќе биде министер за ефикасност во новата американска администрација.

Како ќе се постави новата германска влада во односите со Вашингтон?

Мерц сака да седи „на иста висина“ со Трамп

Човекот кој може да има директен контакт со Трамп, фаворитот за германски канцелар според досегашните анкети, Фридрих Мерц, сака да се сретне со Трамп „под еднакви услови“ и повика на обединет европски фронт.

– Сѐ додека европските земји членки стојат заедно, тие ќе бидат почитувани во светот, вклучително и САД. И сѐ додека се поделени, никој нема да нѐ сфаќа сериозно, така што, според мене, ова е последниот повик за акција. Тоа мора да го направиме.

Тој тврди дека идниот американски претседател е „предвидлив“ затоа што „го прави она што го кажува и го мисли она што го кажува“.

Во рачно напишаното писмо со честитки до Трамп, Мерц меѓу другото пишува: „Доколку германскиот народ ми даде мандат за канцелар, еден од моите приоритети ќе биде да работам со Вас кон ново поглавје во нашите односи“.

- Advertisement -
Ad image

Царинската војна ќе ги раздели Вашингтон и Берлин?

Германските политичари повторуваат дека сакаат да соработуваат со САД, но се загрижени за тарифите кои ги најави Трамп.

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабер изјави дека Европската унија треба да му понуди на Доналд Трамп соработка, но и да остане подготвена за тарифната војна.

– Ако САД подготвуваат царини, тогаш треба да знаеме какви тарифи ние можеме да подигнеме. Тоа е лошо за луѓето, лошо е за нашите односи, генерално, лошо е“, додаде тој. Но, не смееме да дозволиме некој да не турка како што сака – рече Хабек.

- Advertisement -
Ad image

Првата жена на ЕУ, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во Давос порача дека е ЕУ е подготвена да „пружи рака и кон Кина и да ги продлабочи“ односите со Пекинг во „дух на транспарентност и реципроцитет“.

Таа, исто така, најави дека наскоро ќе отпатува во Индија за да го „зајакне стратешкото партнерство“ со „најголемата демократија во светот“.

Во денешното обраќање во Европарламентот таа рече дека унијата мора да биде економски силна во новата „сурова геополитичка ситуација“.

Тајниот извештај на германскиот амбасадор стана јавен

Дополнителен доказ дека се под знак прашалник односите меѓу САД и Германија е и доверливиот извештај на германскиот амбасадор во Вашингтон упатен до министерката за надворешни работи Аналена Баербок.

Во документот кој излезе во јавноста се наведува дека Трамп спроведува „агенда за максимално нарушување“ на односите. Демократските основи и американскиот систем на поделба на власта, се додава, се значително ослабени со доаѓањето на Трамп во Белата куќа. Ова е став кој доаѓа од човек кој требаше да ја претставува германската влада на инаугурацијата на Трамп.

Мерц го опиша извештајот како катастрофа за германско-американските односи.

– Тоа е голем удар за угледот на германската влада во Вашингтон. Таква влада нема брзо да најде соговорници во Вашингтон – рече Мерц во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk.

Шолц и Макрон ја мерат цената на изолацијата

Можната царинска војна со Трамп не е само германски, туку и европски проблем. Доскорешниот канцелар Олаф Шолц денеска отпатува во Париз за да разговараат за следните чекори. Освен позицијата на ЕУ кон САД, тие ќе зборуваат и за Украина и за конфликтот на Блискиот Исток.

Претходно, Шолц се  обрати на Светскиот економски во Давос нагласувајќи дека не треба да има обиди за „задоволување“ или „слатко зборување“ со Трамп.

– Изолацијата има реална економска цена. Европа е посветена на слободна и фер глобална трговија! И ние не сме сами. Заедно, Европската унија и нашите партнери ќе ја бранат слободната трговија – основата на нашиот просперитет – рече Шолц на Светскиот економски форум во вторникот, 21 јануари, 2025.

Во ноември, Макрон рече дека ќе работат за „пообединета, посилна, посуверена Европа“ и дека тоа ќе биде направено во „соработка со САД“.

Проблем е и одбраната на ЕУ

Европа кубури и со одбраната додека Трамп ги критикува земјите на НАТО дека трошат премалку во одбраната. Во НАТО не постои консензус за тоа колкав процент од БДП треба да трошат земјите иако предлогот од 5% на Трамп беше неформално одбиен.

Во Германија, лидерот на демохристијаните Фридрих Мерц се залага за зголемување на буџетот, но не без претходен договор за тоа како ќе се инвестираат овие средства.

– Ние во Европската народна партија (ЕПП) се согласуваме дека мора да се направи многу повеќе во однос на зголемувањето на буџетот и тоа мора да се направи заеднички – рече Мерц.

Истовремено, тој додаде дека е неопходно усогласување на стандардите во рамките на ЕУ кога се работи за опрема или муниција.

Додека европските земји вложуваат во сопствената одбрана, Франција е една од земјите која не ја исклучува можноста за испраќање свои трупи во Украина.

Украинскиот лидер Володимир Зеленски во Давос рече дека се потребни 200.о00 војници за да се обезбеди мир во Украина и дека Европа не треба да чека на Трамп туку да се грижи за себеси.

Германија, заедно со Унгарија и со Словачка е една од европските земји кои се противат на членство на Украина во НАТО по завршување на војната. Поранешниот канцелар Шолц повеќепати одби да му даде на Киев зелено светло за употреба на ракетите „Таурус“ со долг дострел.

Во меѓувреме, Зеленски се сретна со Мерц и објави дека „разговаравме за начините за понатамошно унапредување на праведен мир за Украина, како и за глобалните предизвици и ситуацијата на првата линија“.

Share This Article