„Ако го споредиме (процесот на пристапување) со Северна Македонија, која е кандидат, ако работите се одвиваат со таа брзина, Украина ќе стане членка на ЕУ во 2045 година“.
Вака изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во дебатата на Светскиот економскиот форум во Давос. Според неа, процесот на проширување е процес заснован на заслуги, а не временска трка.
Говорејќи за Украина, Кос рече дека ова е првпат ЕУ да преговара со земја во војна, што таа го оцени како напорна работа, што бара процесот да се заврши два до трипати побрзо од вообичаениот.
– Ако ја доведеме Украина до крајот на процесот и нема „зелено светло“ – тоа доволно зборува за нашиот кредибилитет. Сè околу нас се смени, не зборувавме за потребата од мир кога се приклучуваше Хрватска – повтори таа.
Кос рече дека полското и данското претседателство би можеле да бидат најдобрите 20 меѓувладини конференции за отворање и затворање поглавја, доколку тоа го дозволат земјите-членки.