Следува затоплување, а од петок слаб локален дожд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер. Во западните делови од Македонија ќе дува од западен, а во југоисточните делови од северозападен правец.

Утринските температури ќе се симнат од минус 3 во Берово, до 4 степени во Гевгелија, а максималната температура ќе се искачи од 4 во Тетово и во Штип, до 12 степени Целзиусови во Гевгелија.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи, претежно од дожд, се очекуваат во петок.

Share This Article