Background

Обожавателите се прикрале во хотелот во Чиле и ја чекале пред нејзината соба

Дуа Липа неодамна отпатува во Сантијаго, Чиле каде престојува во хотел со пет ѕвезди, но таму ѝ се случила непријатна ситуација. Имено нејзините обожаватели се прикрале во хотелот и ја чекале пред вратата од нејзината хотелска соба.

Покрај неколкуте обожаватели кои стоеле пред нејзината врата, имало и такви кои ја чекале и во другите соби од хотелот, а овој безбедносен пропуст довел до итна проверка на нејзиното обезбедување, пренесе „Дејли мејл“.

„Тие очајнички сакаа да ја видат. Група обожаватели доби пристап не само до катот на кој се наоѓаше таа, туку некои беа пронајдени и пред нејзината соба. Обезбедувањето на крајот изврши дополнителна проверка, а уште неколку обожаватели ја чекаа покрај лифтот. Меѓутоа, пејачката им рекла дека „нема да се фотографира во хотелот“, изјавил извор за странските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Пејачката се најде во слична ситуација во јуни минатата година, откако еден тиктокер влезе во просторот каде што таа одржа проби. Инцидентот се случи во Бирмингем неколку дена пред нејзиниот настап на фестивалот Гластонбери.
Потсетуваме, 29-годишната пејачка неодамна поттикна гласини за свршувачка со нејзиното момче, актерот Калум Тарнер (34). Таа сподели серија фотографии на Инстаграм, на кои покажа како ги поминала празниците, а обожавателите на една од фотографиите забележаа дека носи дијамантски прстен на левата рака.

Иако ниту таа ниту нејзиното момче официјално не ја потврдија свршувачката, извор за британскиот „Сан“ изјави дека парот се свршил.

„Дуа и Калум се многу вљубени и знаат дека ова е засекогаш. Тие се свршени и не можат да бидат посреќни. Дуа ја имаше една од најдобрите години во нејзината професионална кариера и ова беше шлагот на тортата“, рекол тој.

Двојката е заедно нешто повеќе од една година, а изминатото лето официјално ја потврдија врската. Британскиот актер претходно беше во врска со актерката Ванеса Кирби, додека пејачката со албански корени ја прекина врската со францускиот режисер Ромен Гаврас во декември 2023 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation