Во драматичен натпревар на СП ракометарите одиграа нерешено со Австрија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa11842370 Martin Velkovski (L) of North Macedonia challenges Nemanja Belos of Austria for the ball during the IHF Men's Handball World Championship 2025 Group II first round match between Austria and North Macedonia in Varazdin, Croatia, 21 January 2025. EPA-EFE/Tibor Illyes HUNGARY OUT
- Advertisement -
Ad image

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025 во Хрватска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме и во два наврати имаа  и предност од 3 гола. Полувремето заврши со резултат 13:14.

По неколкуте водства на Австрија во првите минути од вториот дел, Македонија во 40. минута по серија од 3:0 повторно имаше предност (18:17). На 10 минути до крајот резултатот беше нерешен 22:22.

Во самиот финиш Филип Кузмановски промаши пенал при резултат 27:27, а во следниот напад Австрија влезе во водство. Марко Митев изедначи, па на 4 секунди до крајот противникот постигна гол.

Буквално во последната секунда Кузмановски погоди за конечни 29:29.

Најефикасни во македонскиот состав беа Митев со 6 и Жарко Пешевски со 5 гола.

На овој натпревар „Фалангата“ беше помалубројна во однос на натпреварите од групната фаза, но, повторно им даваше голема поддршка на македонските ракометари.

До крајот на денот ќе се одиграат другите две средби од првото коло во Групата 2 помеѓу Катар и Холандија и помеѓу Унгарија и Франција.

На табелата Франција е лидер со 4 бода, Унгарија и Австрија имаат по 3, Холандија и Македонија по 2 бода, а Катар е без бодови.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article