Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ со триумф против Карлос Алкараз со 3-1 во сетови обезбеди пласман во полуфинале на „Австралијан опен“, а по натпреварот се случи интересен момент на теренот.
Ѓоковиќ додека даваше изјава ги забележа своите деца на трибините, по што реши да ги искара затоа што при завршување на мечот во Австралија беше еден часот по полноќ.
– Ви благодарам за поддршката, но момци сега е еден часот, кога ќе одите на спиење? – кажа Ѓоковиќ по натпреварот.