Шолц истакна дека Вашингтон е најблискиот сојузник на Берлин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
German Chancellor Olaf Scholz attends the cabinet meeting at the Chancellery in Berlin, Germany, September 4, 2024. REUTERS/Liesa Johannssen
- Advertisement -
Ad image

Германија ќе се обиде да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита одлуката за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО), изјави денеска германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах.

– Најавата на новиот претседател на САД дека се повлекува од Светската здравствена организација (СЗО) е сериозен удар за меѓународната борба против глобалните здравствени кризи – рече Лаутербах.

Трамп синоќа во Белата куќа ја потпиша извршната наредба за повлекување од СЗО, само неколку часа по преземањето на функцијата.

– Светската здравствена организација нѐ ограбува. Сите ги ограбуваат САД, но тоа повеќе нема да се случува – рече Трамп.

Според СЗО, САД се најголемиот донатор и партнер на организацијата. САД обезбедија 1.284.000.000 долари во 2022 и во 2023 година.

Во 2020 година, Трамп ги повлече САД од СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека не успеала да се справи со пандемијата на коронавирусоит и дека е марионета на Кина. На неговиот прв ден како претседател во 2021 година, Џо Бајден ги врати САД во СЗО.

Инаку, германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе денеска на Доналд Трамп за неговото официјално преземање на должноста претседател на САД, наведувајќи дека Вашингтон е најблискиот сојузник на Берлин.

Шолц изјави дека Германија и САД можат да работат заедно за промовирање на слободата, мирот и на безбедноста, како и за економскиот развој и напредок, објавено е на веб-страницата на канцеларијата на Шолц.

На инаугурацијата на Трамп, Германија ја претставуваше нејзиниот амбасадор во САД, Андреас Михаелис.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article