Ученик во шесто одделение е повреден откако паднал преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп, објави прилепскиот портал Маркукуле.
Ученикот веднаш бил префлен во прилепската болница а од таму итно бил испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, рекол за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.
Детето има повреда на прешлените и скршеници на петиците на нозете. Неофицијално, несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.