Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација најверојатно ќе прекине да увезува нафта од Венецуела.
– Не треба да ја купуваме нивната нафта. Имаме доволно нафта – им рече Трамп на новинарите во Овалната соба во Белата куќа неколку часа откако ја презеде функцијата 47-ми претседател на САД.
Од своја страна, пратеникот на Трамп за специјални мисии Ричард Гренел претходно објави дека разговара со голем број официјални лица во Венецуела.
„Се врати дипломатијата. Разговорите се тактика“, објави Гренел вчера на Икс.
Новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп сака промена на власта во Венецуела, пишува „Аксиос“.
– Тимот на Трамп нема да биде против тоа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да го следи патот на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад – изјавил за порталот еден од советниците на новоизбраниот претседател, запознаен со текот на дискусиите за надворешната политика.
Тој додава дека промената на режимот не мора нужно да биде изнудена со воена акција.
Претходно беше објавено дека САД ја зголемија наградата за информации што ќе доведат до апсење на Мадуро на 25 милиони долари.
На 15 јануари гувернерот на Порторико го повика Трамп да дејствува веднаш откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро повика на инвазија на островот.
Коментарите на венецуелскиот претседател за инвазијата дојдоа еден ден откако тој положи заклетва за трет шестгодишен мандат како лидер на Венецуела во петокот, САД и другите земји одбија да ги прифатат изборните резултати, велејќи дека има јасни докази дека Мадуро победил на изборите Едмунд Гонзале.
Трамп има комплицирана историја со Порторико. За време на неговиот прв мандат, тој имаше проблематични односи со официјални лица и одби да испрати помош во земјата по разорните урагани во 2017 година.