Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера изјави дека конфликтот во Украина „нема да заврши утре, ниту задутре“, алудирајќи на најавата на новиот американски претседател Доналд Трамп за брзо завршување на војната.
– Не може да има мир и безбедност во Европа без Европејците и без тоа да биде договорено од Европејците. Предизвик е да ѝ обезбедиме средства на Украина за да издржи и да влезе во какви било идни преговори од позиција на сила. како и гаранции за нашата сопствена безбедност – истакна Макрон во обраќањето пред армијата во базата во близина на Рен.
Макрон ја повика Европа „да се разбуди“ и да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја намали зависноста од САД.
– Што ќе правиме утре во Европа ако нашиот американски сојузник ги повлече своите воени бродови од Медитеранот? Ако ги испрати своите борбени авиони од Атлантикот во Пацификот? – посочи Макрон.
Според него, Франција и Европа мора да се адаптираат на променливите закани и интереси.
Tagged as:
Макрон се плаши дека САД ќе ја повлече својата воена помош
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
