Српскиот претседател Александар Вучиќ од Светскиот економски форум во Давос вели дека има цел Србија да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Светскиот економски форум во Давос вели дека има цел Србија да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година. Вучиќ за српските медиуми рече дека за тоа разговарал со претставници на компанијата „Арчер“ на маргините на форумот.

Српскиот претседател објасни дека компанијата „Арчер“ е „една од најпознатите компании кои се занимаваат со летечки автомобили, беспилотни авиони и летачки возови“.

– Почнавме да преговараме за купување на најмалку три авиони, а разговараме и со нашите кинески пријатели, кои веќе имаат развиено многу и имаат летечки автомобили во неколку градови. Ќе побрзаме и ќе се обидеме да завршиме сè што е поврзано со подготовките и регулативите до средината на 2026 година, за да можеме да возиме летечки автомобили во 2027 година – рече Вучиќ.

Тој изјави дека на меѓународната специјализирана изложба Експо 2027, на која е домаќин, Србија сака да покаже „дека е најбрзо модернизирана и најбрзо растечка земја во Европа“.

– Веќе потпишавме некаков меморандум со компанијата Арчер и договоривме за Expo 2027. Ме интересираше дали машината може да биде загрозена ако дојде јато птици. Навистина не може и е многу побезбедно од хеликоптер – додаде Вучиќ.

Share This Article