Ексклузивно интервју со пациентка што се зближила со принцезата од Велс

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Косата на Кејт Мидлтон долго време е белег на нејзиниот стил, а за време на посетата на болницата „Ројал Марсден“, пациентка со рак откри дека принцезата споделила дека не морала да подлежи на терапија со „ладна капа“ – третман кој помага да се намали ризикот од губење на косата за време на нејзиното лекување од рак, објави Пипл.

На 14 јануари, принцезата од Велс направи ненадејна посета на болницата „Ројал Марсден“ во Лондон, каде што се сретна со персоналот и со пациентите кои беа на третман. Ненајавената посета се совпадна со потврдата дека принцезата претходно добила нега во болница. Кејт првпат ја откри дијагнозата на неодреден тип рак во март 2024 година и објави дека завршила со хемотерапија во септември. По посетата на болницата, таа ја сподели веста дека сега ракот е во ремисија.

Пациентка на третман за рак, Кетрин Филд, која ја запознала принцезата Кејт за време на нејзината посета, во ексклузивно интервју за Пипл кажува дека тие две разговарале за терапијата со „ладна капа“ – систем за ладење на скалпот кој може да помогне во намалувањето на опаѓањето на косата за време на хемотерапијата, според Американското здружение за рак.

Филд, која носела „ладна капа“ во тоа време, рече дека разговорот придонел до продлабочување на нивната лична врска за време на средбата.

– Го мразам тоа, но мислам дека делува. Денеска ми паѓа малку коса, но само се обидувам да го одложам сето тоа – вели Филд, историчарка на уметност и кураторка.

На прашањето дали принцезата Кејт спомнала дека користи „ладна капа“, Филд споделува дека Мидлтон само рекла дека таква капа не ѝ била потребна.

– Таа само рече дека не мора да ја има. Би било страшно да ја изгуби косата која е толку иконична. Сите ја сакаат нејзината коса – објаснува пациентката.

Филд вели дека веднаш почувствувала спокој кога ја запознала принцезата Кејт за време на нејзината четврта сесија на третман во медицинскиот центар.

– Беше исто како да разговарате со пријателка за едно навистина ужасно време во животот и за вашите начини да минете низ тоа време. „Треба да се ​​открие новото нормално“, рече таа (Кејт Мидлтон), што е апсолутно точно – вели кураторката.

- Advertisement -
Ad image

Кејт е полна со емпатија и со топлина

На срдечна фотографија од посетата на принцезата Кејт на „Ројал Марсден“, благородничката ја става својата смирувачка рака на коленото на Филд додека таа е подложена на третман.

– Навистина ми се допаѓа фотографијата. Тоа беше посебен момент што малку луѓе можат да го имаат. За жал, морав да имам рак за да го добијам тој миг, но сигурно ќе го додадам во мојот албум. Сакам да се сеќавам на доброто, а не само на лошото. – објаснува Филд.

Филд истакна дека благородничката со својата емпатија е утешна, но и енергична.

- Advertisement -
Ad image

– Беше навистина убаво да се разговара со неа. Таа беше само прекрасна. Таа е топла и едноставно имав чувство дека седам со пријателка на разговор, што е тешко да се постигне во тие околности. Таа е многу посебна штом може да се поврзе со луѓето толку брзо и толку емпатично – вели кураторката.

Филд го опишува гестот на Кејт да посегне по нејзиното колено како „момент на поврзување“ што не го очекувала.

– Мислам дека очекував да биде формално и вкочането, но беше далеку од тоа – рекла пациентката.

Како и Анџела Тери, друга пациентка од рак која се лекува во „Ројал Марсден“ и која ја запозна принцезата на 14 јануари, Филд била воодушевена од вистинската природа на Кејт, која ѝ оставила траен впечаток.

– Таа е само многу искрена. И двете бевме на иста страна, зборувајќи за тоа колку сме среќни – или бевме – што ја добиваме најневеројатната грижа од „Ројал Мардсен“. Тоа беше мојата четврта сесија; почнувате да ги препознавате луѓето, а ги запознавате и медицинските сестри. Постои едно чувство на заедница. Не им кажав на многу луѓе за мојата дијагноза, а и не разговарав со други кои биле подложени на третман, па затоа беше убаво да разговарам со неа бидејќи неодамна помина низ тоа – додава Филд.

Кејт и Филд се зближиле, тие споделувале слично искуство

Кејт Мидлтон ја прашала Филд како се справува со третманот.

– Нејзиното прво прашање беше: „Како се чувствуваш од третманот?“ Ѝ реков: „Ужасно“, па мислам дека тоа ја постави атмосферата за да се опуштиме. Разговаравме за тоа колку е долго патувањето (минувањето низ терапијата за рак). Се оперирав во септември, а потоа бев на хемотерапија, која сѐ уште трае, а која ќе заврши во март. Потоа следува радиотерапија, па хормонска терапија – тоа е навистина долго патување. За да мора таа да го направи тоа во очите на јавноста… не можам ни да замислам, не знам како таа го прави сето тоа, со три деца исто така – објаснува Филд.

Принцезата од Велс, која ги има 11-годишниот принц Џорџ, 9-годишната принцеза Шарлот и 6-годишниот принц Луис со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, не ги откри конкретните детали за нејзиниот рак. Сепак, за време на нејзината посета на „Ројал Мардсен“, Кејт ги сподели своите најискрени сознанија за нејзиното патување низ борбата со ракот, од нејзината потреба за „многу вода и за сончева светлина“ до „врзаноста“ за нејзиниот порт за хемотерапија.

– Бев навистина импресионирана од тоа колку време мина со мене. Штотуку го ставив портот (интравенскиот уред за нејзиниот третман) во петокот, кој е веднаш под мојата клучна коска, така што тоа сè уште е многу фрагилно, но додека таа пристигна, мојата медицинска сестра само што ја беше започнала хемотерапијата, за среќа – вели Филд.

Филд објаснува дека Кејт споделила оти и таа имала порт и оти рекла дека тоа е една од најдобрите работи.

– Не сум во истата точка, па мислам дека таа се обидуваше да ме смири. Тоа (портот) ги забрзува нештата и ќе биде подобро штом отокот се намали – објаснува Филд.

Клиниката „Кливленд“ го дефинира хемопортот како мал, имплантиран уред, дизајниран да спроведува третмани, вклучително и хемотерапија, директно преку вена.

– Сите беа возбудени што ја видоа, сите ние бевме многу среќни што сме во „Ројал Мардсен“. Успеваат да ви донесат чај во моментот кога ви е најпотребен – додава Филд.

Принцезата од Велс ќе помогне во борбата против ракот

Принцезата Кејт ја изрази својата лична благодарност до „Ројал Мардсен“ во објава на социјалните мрежи по нејзината посета на болницата, заедно со споделената потресна фотографија од себе со Филд.

„Сакав да ја искористам приликата да ѝ се заблагодарам на болницата ‘Ројал Марсден’ што толку добро се грижеше за мене во текот на изминатата година. Од срце им благодарам на сите оние кои тивко чекореа крај Вилијам и крај мене додека навигиравме сè. Добивме сѐ што ни беше потребно. Грижата и советите, што ги добивме во текот на моето време како пациент, беа исклучителни. Во мојата нова улога како Заеднички покровител на ‘Ројал Мардсен’, се надевам дека со поддршката на револуционерните истражувања и на клиничката извонредност, како и со промовирање на благосостојбата на пациентите и на семејството, би можеле да спасиме уште многу животи и да им го трансформираме искуството на сите засегнати од рак“, напиша Кејт во својата објава.

Благородничката го нарече „олеснување“ тоа што нејзиниот рак е во ремисија и рече дека останува фокусирана на нејзиното закрепнување.

„Како што знае секој, кој доживеал дијагноза на рак, потребно е време за да се прилагоди на новата нормалност. Сепак, со нетрпение очекувам да ми биде исполнета годината што следи. Има многу што да се очекува. Ви благодариме на сите за вашата континуирана поддршка, “ додаде таа во својата објава.

Share This Article