Избил пожар во старечкиот дом во селото Чемерско, во општина Кавадарци. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во моментов 10 пожарникари со 3 протипожарни возила интервенираат за да се изгасне пожарот.
На терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски возила со 8 полицајци. Во меѓувреме се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со 2 мини возила (минибуси).