Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата „мим“ криптовалута пред неговата инаугурација закажана за 20 јануари, објавија денеска американските медиуми.
Со пораката „Борете се, борете се, борете се“, испишана на токенот тимот на Трамп ги потсетува корисниците на реченицата која Трамп ја кажа кога беше застрелан во увото при еден од двата обиди за негово убиство во предизборието во САД.
Што значи овој потег е најновиот потфат на Трамп во областа на криптовалутите? Тој неодамна вети „крипто-бум“.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека го користи овој „мим-токен“ за да ја прослави својата победа на претседателските избори и претстојната инаугурација.
Во првата фаза ќе бидат издадени 200 милиони од овие монети, а во следните три години тој број ќе се зголеми на една милијарда, наведува Аксиос.
Криптовалутата наречена ТРАМП предизвика силна реакција на пазарот на криптовалути. За помалку од еден час, еден трговец остварил неверојатна добивка од 20 милиони долари во првиот час од објавувањето.