Двајца тенисери постари од 37 години за прв пат од 1978 година стигнаа до четвртото коло на Австралија Опен. Последен пат двајца играчи на возраст од 37 или повеќе години стигнаа до оваа фаза на Австралија Опен во 1978 година. Тогаш тоа го постигнаа Кен Роузвол и Боб Кармајкл.
За кои тенисери се работи?
Триесет и седумгодишниот Новак Ѓоковиќ во третото коло го победи Чехот Томаш Мачац – 6:1, 6:4, 6:4. Исто така, триесет и осумгодишниот Гаел Монфис го победи светскиот рекет број четири Тејлор Фриц со 3:6, 7:5, 7:6 (7:1), 6:4.
Овогодишниот Австралија опен засега приреди уште едно изненадување. Германската тенисерка Ева Лис стана првата „среќна губитничка“ која стигнала до четвртото коло на Австралија Опен за жени во сингл од 1988 година.
Дваесет и тригодишната Германка влезе на турнирот како „среќна губитничка“ – загуби во квалификациското финале, но се пласираше во главната фаза благодарение на повлекувањето на Русинката Ана Калинскаја.
Лис ноќеска ја победи Романката Жаклин Кристијан со 4:6, 6:3, 6:3 во мечот од третото коло.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
