Background

Трамп уште во првиот ден од својата работа оди во акција на апсење нелегални имигранти и тоа во Чикаго

Новата здминистрацијата на Доналд Трамп уште во првиот ден од својата работа оди во акција на апсење нелегални имигранти и тоа во Чикаго, објави синоќа „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на лица запознати со плановите.

Во вторник идната недела, ден по инаугурацијата на Трамп, започнува голема акција за масовна депортација на лица нелегало дојдени во САД, кои се претежно јужноамериканци, а дел од ветувањата на новоизбраниот претседател дадени во текот на изборната кампања во 2024 година.

Според изворите, акцијата ќе трае цела недела и во неа ќе бидат анажирани од 100 до 200 службеници од имиграциската и царинска служба.

- Advertisement -
Ad image

Кандидатурата на Трамп за претседател беше пропратена со со многу смело ветување – да се спроведе најголемата масовна депортација во историјата на САД.

Се бараат оние кои направиле лесен или тежок криминал но и разни прекршоци како нарушување на сообраќајот а кои администрацијата на Бајден не ги гонеше. Воедно, ако бидат затекнати за време на акцијата, ќе бидат апсени и оние без документи за престој.

Чикаго е избран како пример на град каде се дава засолниште на овие лица и се применуваат политики за ограничување на соработката со федералните имиграциски власти, јавуваат изворите. Во Чикаго има голем број имигранти кои би можеле да бидат потенцијални цели и поради конфликтот што постои меѓу тимот на Трамп и градоначалникот на Чикаго, пишува весникот.

Том Хоман, новиот цар за прашања околу границите, минатиот месец на празнична средба го најави градот како прва станица во акцијата за фаќање нелегални имигранти. А потоа следуваат и останатие големи имигрантски центри како Њујорк, Лос Анџелес, Денвер и Мајами.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation