Пленковиќ го премислил Дабро велејќи му дека ќе го разреши

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вицепремиерот и министер за земјоделство на Хрватска Јосип Дабро синоќа поднесе оставка откако во јавноста протече видео на кое се гледа како тој преку отворен прозорец пука од пиштол ХС-2000 додека се вози во приватен автомобил.

Оставката, како што објави на својот Фејсбук профил, ја поднесува од морални причини.

Хрватски Индекс напиша дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го убедил Дабро да ја преиспита својата одлука да не се повлекува од функцијата најавувајќи дека ќе го разреши.

„Премиерот синоќа разговарал со вицепремиерот Дабра за објавените снимки кои укажуваат на недолично однесување и употреба на огнено оружје“, потврди портпаролот на хрватската влада Марко Милиќ.

Дабро првично рече дека нема да поднесе оставка со образложение дека пукал на приватна прослава.

На снимката што ја објави Јутрањи лист се гледа како Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобил облечен лежерно, во шорцеви и маица, и пука од пиштол во близина на населено место. На снимката, Дабро најпрво го репетира пиштолот и вели: „Само за мојот брат Марио“.

Потоа испукува 15 истрели од пиштол низ прозорецот. Кон крајот на снимката, Дабро го става пиштолот во кабината кај совозачкото седиште каде седи и вели: „Поздрав брате Марио, добра ноќ“.

По објавувањето на видеото, Дабро ја потврди неговата автентичност, но тврдеше дека не пукал со вистински куршуми туку со маневарска муниција.

Хрватската Влада го оцени „ваквото однесување и употреба на огнено оружје како несоодветно и неодговорно“, иако посочуваат дека снимката била направена пред Дабро да стане министер.

- Advertisement -
Ad image

Хрватската полиција и обвинителството започнале истрага и утврдуваат дали Дабро сторил кривично дело – загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или средство.

Share This Article