Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.
„Владата го одобри планот за ослободување на заложниците. Планот ќе стапи во сила во недела, 19 јануари 2025 година“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Нетанјаху.
Советот на министри го одобри планот и покрај противењето на екстремно десничарските министри.
Размената на заложници и затвореници треба да започне во недела во 8 часот и 30 минути по локално време во Газа, извести портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи штотуку изјави на социјалните мрежи, јавува „Гардијан“.
Во објавата на Мајед Ал Ансари на Икс се вели:
„Ги советуваме жителите да бидат претпазливи, да бидат максимално внимателни и да чекаат насоки од официјални извори. Времето беше „координирано од страните во договорот и посредниците“.
Хамас веќе објави дека ги прифатил условите од договорот и се обврзува да ги почитува.
Договорот во три фази предидува првичична шестнеделна пауза на борбите што го опустошија Појасот Газа во изминатите 15 месеци и, според здравствените власти на Хамас, загинаа повеќе од 46.000 луѓе на палестинска територија.
Во текот на првата фаза, Хамас треба да ослободи 33 заложници кои ги држат милитантите во Газа, а Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници кои се држат во неговите затвори.