Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета на САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Средбата меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ ќе се реализира откако премиерот Христијан Мицкоски ќе се врати од официјалната посета на САД, велат од Владата во изјава за МИА.

„Премиерот Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од официјалната посета на САД ќе ги прими претставниците на синдикатот и ќе се дискутира за изнаоѓање на решение кое ќе биде од полза на работниците и исполнување на нивните права“, се наведува во одговорот што МИА го побара од Владата.

Оттаму велат дека стремежот на Владата е да се изнајде решение кое ќе биде во насока на подигнување на стандардот на работниците во согласност со буџетските можности.

„Добро е што лидерите на УПОЗ прифаќаат дијалог наместо рестриктивни и избрзани мерки како протест без да бидат исцрпени можностите за дијалог и изнаоѓање на конечни решенија“, велат од Владата.

Вработени во дел од министерствата, Државниот завод за статистика и Државниот архив веќе четири дена одржуваат получасовен предупредувачки протест барајќи додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори.

Share This Article