Background

Украинска полиција: Вршиме околу 200 рации поврзани со воената регрутација

Украинската полиција денеска објави дека спроведува околу 200 рации низ целата земја, како дел од пошироката истрага за нелегални бегства на Украинци на воена возраст, кои избегнуваат да служат воена служба бегајќи од земјата. Киев сака да ги зајакне своите сили преку мобилизација во војната против Русија, која напредува на неколку делови од фронтот.

„Спроведуваме повеќе од 200 истраги за случаи на илегално преминување на границата од страна на украински мажи на воена возраст“, ​​соопшти украинската полиција, пренесе француската новинска агенција АФП. Тие додаваат дека рациите се одвиваат во 19 региони низ земјата.

Денешните рации се дел од пошироката истрага што украинските власти ја започнаа минатата недела со рации на околу 600 домови, канцеларии и други локации.

- Advertisement -
Ad image

Според полицијата, главна цел се организаторите на бегството кои им помагаат на Украинците кои сакаат да избегнат воена регрутација илегално да ја напуштат земјата.

Кампањата на украинските власти за зајакнување на вооружените сили го подели јавното мислење и предизвика страв кај мажите на старосна граница, при што илјадници ја напуштија земјата. Тие понекогаш користат опасни патишта преку планини и реки, кои ги користат и шверцерите.

Киев се соочува и со проблемот на системска корупција во воената инфраструктура, што ја измачува Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

На пример, украинскиот јавен обвинител Андриј Костин поднесе оставка минатиот октомври поради голема корупциска шема во која на бројни владини функционери, наводно, им било дозволено да избегнат воена регрутација користејќи лажни сертификати за попреченост.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation