Поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон се предомислија – сепак ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во Вашингтон на 20 јануари

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон се предомислија – сепак ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во Вашингтон на 20 јануари.

Оваа вест е изненадување за сите, затоа што сите тројца до пред 48 часа имаа став да не присуствуваат. Поранешните претседатели не сакаа да бидат видени на „устоличувањето“ на човекот кого, како што наведуваат медиумите, не го почитуваат многу.

Сепак, нема да присуствуваат на традиционалниот инаугурациски ручек.

Медиумите нагласуваат дека до промената дошло откако Обама и Клинтон меѓусебно се посоветувале и се согласиле дека бојкотот на инаугурацијата ќе ја намали поддршката од Американците кои ѝ се наклонети на Демократската партија.

Лора Буш и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ќе им се придружат на своите сопрузи на церемонијата на положувањето на заклетвата во Капитол.

„Потврдено е присуството на поранешниот претседател Барак Обама на 60-тата церемонија на инаугурација. Поранешната прва дама Мишел Обама нема да присуствуваат на претстојната инаугурација“, се вели во соопштението од кабинетот на Барак и Мишел Обама.

Во изјавата не се наведени причините зошто Мишел Обама нема да биде на инаугурацијата. Медиумите и потсетуваат дека таа не му се придружи на својот сопруг и на минатонеделниот државен погреб на поранешниот претседател Џими Картер во Вашингтон, каде што
Трамп, Буш и Клинтон присуствуваа со своите сопруги.

„Бил Клинтон ќе присуствува на церемонијата на положување заклетва, како и Хилари Клинтон“, потврди за медиумите лице запознаено со распоредот на Клинтонови.

- Advertisement -
Ad image

Од кабинетот на Џорџ Буш соопштика дека тој и поранешната прва дама Лора Буш ќе присуствуваат на заклетвата.

Сите тројца поранешни претседатели и нивните сопруги присуствуваа на првата инаугурација на претседателот Трамп во 2017 година, вклучувајќи ја и Хилари Клинтон, која на тие избори му беше противкандидат на Трамп. Присуствуваше и неодамна починатиот поранешен претседател Картер.

Доналд Трамп, пак, не присуствуваше на инаугурацијата на актуелниот претседател Џо Бајден во 2021година.

- Advertisement -
Ad image

Обама, Клинтон и Буш нема да присуствуваат на традиционалниот инаугуративен ручек на новоизбраниот претседател.

Обама добил покана, но одби да присуствува, според извор запознаен со ситуацијата. Клинтон, исто така, добил покана, но не планира да присуствува, а канцеларијата на Буш соопшти дека не ја добила поканата за ручекот.

Покана за инаугуративниот ручек добила и поранешната државна секретарка и прва дама Хилари Клинтон, но нема да присуствува, изјавил друг извор.

Портпаролот на транзицискиот тим на Трамп не одговори на барањето за коментар за отсуствата на поранешните претседатели на инаугурацискиот ручек.

Традиционалниот инаугуративен ручек датира од 1897 година, кога Комитетот за организација на Сенатот приреди ручек за претседателот Вилијам Мекинли и за гостите во Капитол.

Денот на инаугурацијата е една од ретките прилики кога сите поранешни живи претседатели на САД се собираат за да го одбележат доаѓањето на следната администрација.

Ниту еден од живите поранешни претседатели не ја поддржа кандидатурата на Трамп. Буш не даде официјална поддршка, а Обама и Клинтон активно водеа кампања за потпретседателката Камала Харис.

Share This Article