Шест нови договори меѓу Македонија и Владата на САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за одбрана Владо Мисајловски за порталот Курир вели дека 2025-та година ќе биде во знакот на модернизација на македонската одбрана.

– Претходно што се потпишале повеќе договори, оваа година ќе ги реализираме.  Најдраго ми е што огромните договори кои ги имаме потпишано со САД, оваа година ќе ги видат сите.  За брзо време, на крајот на овој месец, на почетокот на следниот, стигнуваат новите оклопни транспортери. Станува збор за Страјкер, кои се едни од најмодерните и очекуваме до крајот на годината да стигнат сите, преку 40, што е навистина сериозна инвестиција, но и едни од најдобрите проекти. За брзо време од сега ќе имаме една убава промоција за секој еден од граѓаните да види каква опрема стигнува во Македонија – рече тој.

Мисајловски откри дека до крајот на годината постепено ќе стигнуваат во Македонија и лесните оклопни возила.

– Ќе имаме една сериозна бројка на оклопни лесни возила, каде што единицата, особено лесната пешадиска батаљонска група, ќе можеме да видиме како ги добива овие возила, а потоа со нив да функционира, согласно оние оперативни барања кои што ги имаме како министерство, но и тоа што го налага НАТО. Имаме и други договори, имаме и со Турција, со Франција, стига артилериска и противвоздушна опрема –  истакна Мисајловски.

Мисајловски ексклузивно за Курир откри декадека пред неколку недели, на затворена седница на Влада поминале 6 договори со САД.

– Станува збор за многу сериозна опрема, каде наредниов период ќе започне производство и наредните години ќе пристигне. Станува збор за едни од најсовремените беспилотни летала со домет од 10-20 км, конверзија на оружјето што го имаме, согласно потребите од НАТО со овој договор ќе направиме конверзија. Дополнителни договори за сајбер безбедност, бидејќи е многу важна – рече Мисајловски.

Share This Article