Британската актерка Дајан Лангтон, најпозната по сериите „Hollyoaks“ и „(Only fools and horses), почина на 77-годишна возраст

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската актерка Дајан Лангтон, најпозната по сериите „Hollyoaks“ и „Сплетки“ (Only fools and horses), почина на 77-годишна возраст. Веста ја потврди нејзиниот портпарол Шејн Колинс во објава на социјалната мрежа Икс.

„Жал ми е што можам да кажам дека Дајан почина утрово. Таа имаше богата и уникатна кариера појавувајќи се на сцената, во филмови и серии“, напиша тој.

За смртта на Дајан се огласија и од серијата „Сплетки“: „Тажни сме и шокирани кога слушнавме за неочекуваната смрт на нашата пријателка Дајан Лангтон. Уживавме што беше гостинка на нашата најнова конвенција, нашето најдлабоко сочувство оди кон нејзинот сопруг Дерек и кон блиското семејство и пријателите.”

„Во целосен шок сум поради смртта на Дајан. Ми се враќаат сеќавањата додека седевме на фризерското столче на снимањето. Се сеќавам на неа во соблекувалната со шише пиво! Таа беше уникатна, талентирана уметница. Духовита, љубезна и посебна пријателка. Моите мисли се со Дерек“, напишала англиската пејачка Елејн Пејџ.

Дајан е родена на 31 мај 1947 година во англиската област Сомерсет. Својата актерска кариера ја започнала во 1959 година со филмот „Carry on Teacher“, а подоцна се прославила со улогите во сериите „Сплетки“ и „EastEnders“. Најдолго сепак играше во серијата „Hollyoaks“, каде што 18 години ја глумеше Нана Меквин.

Share This Article