Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Унгарија има нерешен резултат 14-14. Ова е прв меч за нашите ракометари на Светското првенство. Играат добар ракомет против фаворитот во нашата група Унгарија. Македонија водеше со четири гола разлика.
Митревски има шест одбрани, Кузмановски е стрелец на шест гола.
Унгарците отворија со 5-2 после седум минути игра. Илиќ беше лидерот во нивните редови, максимално ја користеше нашата мека одбрана на средината (четири гола беа негово дело).
Сепак Македонија на крилата на бројните фанови успеа да се издигне. Три одбрани на Митревски, претходно украдена топка и загубена на противникот, беа доволни за да нашите момци со серија од 5-0 да поведат со 5-7 во 13-тата минута (стрелци на головите беа Кузмановски, Велковски, Серафимов). И тука не застанаа, со два нови гола на капитенот Кузмановски, Македонија во 16-та минута поведе со четири гола разлика (6-10). Одбраната беше цврста, а нападот беше одличен.
фото: Гол