Времето до крајот на денот претежно облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од минус 2 до 5 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје претежно облачно, тивко и студено со услови за провејување на слаб снег. Температурата ќе биде до 4 степени.
Според синоптичарите, времето утре ќе се задржи променливо облачно и студено време наместа со услови за провејување на слаб снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.
„Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под минус 10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури“, известуваат од УХМР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖