Битката со болеста ја зближи со многу луѓе, а принцезата продолжува напред

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кејт Мидлтон потврди дека нејзиниот рак е во ремисија, откривајќи дека ѝ олеснило во емотивна порака, во која му се заблагодарува на персоналот што ја лекувал, објави британски Индепендент.

Принцезата од Велс ненадејно се врати во болницата „Ројал Марсден“ каде што му се заблагодари на персоналот кој ѝ пружил „исклучителна грижа за време на нејзиното лекување“.

Таа разговараше и со пациентите во болницата во Лондон во, како што рече, важен момент во нејзиното „лично патување“, 4 месеци по завршувањето на нејзината хемотерапија.

Во пораката на социјалните мрежи, потпишана со „Си“, таа рече: „Сакав да ја искористам можноста да ѝ се заблагодарам на болницата ‘Ројал Марсден’ што толку добро се грижеше за мене во текот на изминатата година. Мојата срдечна благодарност до сите оние кои тивко чекореа покрај мене и Вилијам додека навигиравме сè“.

Таа им оддаде почит за исклучителната грижа и совети што ги добила за време на нејзината дијагноза.

Кејт сега ќе ја преземе улогата на заеднички покровител во фондацијата „The Royal Marsden NHS Foundation Trust“. Таа се надева дека ќе спаси уште многу животи со поддршка на револуционерни истражувања и на клиничка извонредност, како и со промовирање на благосостојбата на пациентите и на семејството.

– Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој, што добил дијагноза дека обледува од рак, потребно е време да се прилагоди човек на новата нормала. Сепак, со нетрпение очекувам да биде исполнета годината што следи. Има многу што да се очекува. Ви благодариме на сите за континуираната поддршка – изјави таа.

За време на посетата на болницата, Кејт разговараше со пациентката на хемотерапија Кетрин Филд (45). Принцезата разговараше за механизмот во нејзината рака што се користи за доставување лекови и се пошегува дека „толку се приврзала за него“ што се двоумела кога побарале од нејзе да го извади.

– Тешко е. Тоа е таков шок. Сите ми рекоа да размислувам позитивно бидејќи тоа менува многу. Кога влегов, сите ми велеа да носам топла облека поради несакани ефекти коишто можат да предизвикааат чувство на студ кај пациентите што се лекуваат со хемотерапија – објаснува принцезата.

- Advertisement -
Ad image

Додека Кејт седеше со пациентите и со нивните семејства во одделението, таа доби позитивен коментар од една жена.

– Мислам дека неверојатно добро управувавте со децата – рече жената.

– О, тоа е љубезно – одговори Кејт.

- Advertisement -
Ad image

Официјалниот ангажман беше првиот на Кејт во 2025 година и се совпадна со објавата дека таа станала заеднички кралски покровител на фондот на НХС, придружувајќи му се на Вилијам во улогата.

Во емотивната средба, принцезата ја прегрна Тина Адуму, која  ѝ кажа на Кејт дека нејзината 19-годишна ќерка е на одделението за интензивна нега.

Кејт ја прегрна и ѝ рече дека ќерката на г-ѓа Адуму е на најдоброто можно место.

– Жал ми е. Посакувам да можам да направам повеќе за да помогнам. Сакав да дојдам и да ја покажам мојата поддршка за неверојатната работа што се случува овде, како и за оние кои минуваат низ лекување и минуваат низ тешки времиња. Има светлина на крајот од тој тунел. Мило ми е што те запознав и со среќа. Вие сте во најдобри раце – рече Мидлтон.

Принцезата ја објави дијагнозата на рак во март минатата година, по неколкумесечните шпекулации на интернет за нејзината благосостојба.

Во септември 2024 година, принцезата откри дека конечно завршила со лекувањето од рак.

– Иако ја завршив хемотерапијата, мојот пат до заздравување и до целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да го издржувам секој ден што доаѓа. До сите оние кои го продолжуваат своето патување против ракот – останувам со вас, рамо до рамо, рака под рака – рече таа во видеото.

Share This Article