Бијонсе донираше 2,5 милиони долари за погодените од пожарите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската поп-ѕвезда Бијонсе донираше 2,5 милиони долари за помош на погодените жители од пожарите во Лос Анџелес, преку нејзината фондација „Бијгуд“ (Beygood).

„Лос Анџелес, стоиме со вас“, објави кусо фондацијата на Инстаграм доцна синоќа.

Парите се наменети за поддршка на семејствата во населбите Алтадена и Пасадена, кои ги загубија своите домови. Помош ќе добијат и црквите и прифатилиштата што им пружаат засолниште и поддршка на погодените лица во тоа подрачје.

Во пожарите во Лос Анџелес досега се потврдени најмалку 24 загинати луѓе, како и огромно распространето уништување на имотите на многу луѓе.

Метеоролозите предупредуваат дека очекуваните силни ветрови би можеле дополнително да го разгорат пламенот во наредните денови.

Share This Article